Повторно пукање во Србија – најмалку 8 убиени

Најмалку осуммина убиени и 13 повредени во престрелка што доцна вечерва (4 мај) се случила во Младеновац во близина на Белград, јавуваат српските медиуми.

21 годишниот напаѓач е се уште во бегство.

РТС јавува декапукањето се случило во селото Дубоња кај Младеновац и дека е во тек потера по напаѓачот.

Според извештаите, на местото на настанот биле испратени екипи за итна помош и силни полициски сили.

Порталот „Телеграф“ јавува дека меѓу убиените се и 20-годишен полицаец и неговата сестра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста