Повторно оштетен бугарскиот клуб „Цар Борис трети“ во Охрид

Страв, паника и вознемиреност кај охриѓани предизвика вчерашниот инцидент кога со огнено оружје е пукано во просториите на бугарското здружение Цар Борис III кое се наоѓа во гратскиот амам,а е во непосредна близина на судот и неколку кафетерии,продавници,сендвичари. На катот веднаш до здружението чии простории се гледаат од главната сообраќајница која води кон кејот,има адвокатска канцеларија која во моментот на инциндентот кој се случи во 19 часот била затворена.

  • „ Е како да не ме плаши кога се пука со пиштол и може метакот да залута,наместо таму може  да дојде во моја канцеларија.Ако сум присутен може и да настрадам,јас или странка, клиент“ изјави Петар Матјаноски-адвокат.

Во само три дена ова е втор напад на објектот во кој е сместено бугарското здружение, во понеделникот на 21-ви во ситните саати околу 2 часот по полноќ беше оштетено стаклото од излогот на здружението.

Денес канцеларијата на здружението е затворена,исто така од утринава таблата на која што го пишуваше името на бугарското здружение Цар Борис III  е тргната.Инаку дуќанџиите во амамот кои ги има доста не сакаа да зборуваат пред камера бидејќи стравуваат,велат дека нити виделе нешто, нити слушнале.Денеска исто така е забележително присуство на полицијата во околината на амамот.

Охриѓани загрижени,велат ова не на арно кога ќе заигра пиштол или друг вид огнено оружје може да настрадаат недолжни луѓе,оти здружението се наоѓа на најфреквентниот дел во центарот на градот.

АНКЕТА

  • 1.Реакција во секој случај очекував, но не ваква посебно не со употреба на огнено оружје и не со сила. Тоа оди во прилог на Бугарија за да не претстават дека сме нецивилизиран народ, дека не ги почитуваме правилата и тн.Јас морам да кажам дека државата наша или премногу доцни, или не сака,или пак не знае како дипломатски да го реши овој проблем; 2. Јас тоа не го слушнав,но во секој случај не е убаво.Нормално сите сме  на некој начин загрижени бидејќи неубави работи се случуваат ; 3.Па секој би бил загрижен за безбедноста, друго не можам ништо да кажам.Не,не очекував вакво нешто, меѓутоа се’ се случува велат граѓаните.

Од полиција велат дека за настанот е известен јавен обвинител  по чии насоки се преземаат мерки за  расчистување на настанот.Инаку пред една недела на својот фејбук профил од здружението прикачија фотографии од гозби ,во чест на едногодишното функцирање на здружението во Охрид.

Росица Голабоска 

Advertisements