Повторно одложено судењето за случајот со родилката Веапоска на која и извадија бубгрег и матка

И после повеќе од една година од отпочнувањето на судскиот процес за случајот Веапоска, тројцата доктори Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асани и Лилјана Јованоска, кои обвинителството ги гони за кривично дело тешки дела против здравјето на луѓето,се далеку од пресуда. Денешното рочиште беше одложено бидејќи докторот од клиниката за гинекологоја кој требаше да даде исказ бил на годишен одмор. Со ова судењето се одложи на непределно време, бидејќи и обвинителот и судијата кои го водат овој предмет, одат во пензија.

Не верувам во судот, вели разочарано родилката од Дебар, која како што рече, оваа голгота низ судските лавиринти уште повеќе ја исцрпува и ја влошува нејзината општа здравствена состојба. Откако почна судскиот процес до сега се сменети двајца судии кои во период од една заминаа во пензија.

Јас нема да се откажам додека сум жива, нема да се откажам од правдата, не знам колку ќе бидам жива и колку психички јас ќе можам да го издржам сето ова малтретирање во овој суд. И така што можеби до мојата смрт правда ќе има, или после тоа –вели Веапоска

И адвокатот на Веапоска до крајот на годинава не очекува судска разврска на случајот. Новиот процес ќе почне пред нов судија и нов совет, тоа според закониот за кривична постапка подразбира дека почнува од почеток. Ова испраќа искличително лоша порака во време кога судството го тресат бројни скандали.

Па знаете Ленинград е ослободен за 900 дена, ние еден процес не можеме да завршиме за 1900 дена. Генерално, суштината е дека никој не го сака овој врел костен во свои раце и тоа се случува, секој бега како ѓавол од крст од овој предмет”-вели адвокатот Сашо Јанев

Бидејќи вештачењата од Институтот за судска медицина и оној од Клиниката за гинекологија се спротивни по својата содржина, Јанев најави дека ќе бара супер вештачење –но што ќе покаже тоа и кој ќе го прави, гласно прашува Јанев, кој во случајот со Веапоска се соочи со двајца судии на залезот од кариерата, а вистината ќе се обиде да ја докаже пред трет судија за кој е неизвесно кога ќе биде одреден и кога ќе продолжи судењето.

Росица Голабоска

Advertisements