Повторно метеж и прашина крај големите градилишта во Скопје

Повторно метеж и прашина кај големите градилишта во Скопје. Комунална хигиена излегла на терен рано утрово, но по нивното заминување состојбата е иста како и во претходните денови.
„20 работници и механизација извршија генерално чистење на Јужен булевар. Акцијата е организирана поради зачестени поплаки од страна на граѓаните дека станбените објекти се подложени на загадување и прашина од градежните зафати што се реализираат во овој реон“ велат во Комунална хигиена.
Оттаму велат дека тие не се должни да обезбедат отстранување и транспорт на градежниот отпад ниту пак да ја одржуваат хигиената на приватните градилишта.

По сторијата на Алфа надлежните најавија засилена контрола на градилиштата, казни за непочитување на обврските на градежните фирми и вонредно метење и чистење на улиците.
Граѓаните кои живеат во близина на повеќето градилишта се жалат дека ни инвеститорите ни надлежните не водат доволно сметка за заштита на локациите, но и за одлагање на сметот.

Иако инспекторатот најави казни за непочитување на обврските на градежните фирми, денеска никој не вршеше контрола врз градилиштата.

Јована Грчева