Повторно дојави за бомби во девет скопски средни училишта

Се множат дојавите за бомби во скопските средни училишта, но од кого и од каде, јавноста не може да дознае, оти МВР и натаму е немоќна да ги пронајде сторителите.

Денеска дури 9 скпоски средни училишта на своите електронски адреси добија нови лажни дојави за поставени бомби, а во училиштата наместо ученици, повторно имаше анти-тетористички единици и полициски кучиња. Помеѓу евакуираните беа училиштата Никола Карев, Јосип Броз Тито, Панче Арсовски, Владо Тасевски.

Министерството за внатрешни работи веќе втора недела ги бара сторителите, а досега наставата беше прекината 6 пати.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.“ – Пишува во соопштението од МВР.

Овој пат, дојавите за бомби пристигнаа наутро, за време на првата смена, за разлика од претходно, кога дојавите пристигнуваа подоцна. Учениците и родителите се вознемирени.

Институциите се сомневаат дека станува збор за хибридни закани и дека истите доаѓаат надвор од македонските граници.

Но и покрај овие сомнежи, полицијата надевајќи се дека го пронашла сторителот, неодамна го приведе 23-годишниот активист Никола Николовски, вооружени единици го претресуваа неговиот семеен дом, а по 10 часовен распит и бурни реакции во јавноста, полицијата го ослободи без обвинение.

Никола Цветкоски

Advertisements

Поврзани вести