Повторно визи за Македонија? Османи вели нема шанси, Еворпската комисија вели постои можност

Со давањето пасоши на луѓе на Онишченко, Македонија ризикува повторно да и биде вратен визниот режим. Ова предупредување ни стои на 22-та страна од извештајот на Европската комисија.

-Комисијата смета дека доколку се процени дека спроведувањето на овој закон претставува зголемен ризик за внатрешната безбедност и јавната политика на земјите-членки, безвизниот режим може да биде суспендиран, пишува во извештајот.

Сепак овие предупредувања од Европската комисија како да не ги видела македонската власт. Иако во извештајот пишува едно, Бујар Османи вели друго, немало шанси да ни бидат вратени визите.

-Нема никаква закана за повелкување на либералниот визен режим кој што го имаме сега, туку одиме кон ослободување дополнително во однос на Европската Унија, изјави Османи.

Во овој извештај имаше и една грешка во однос на воведување визи за други земји, каде прво беше запишано и Косово за подоцна да биде тргнато. Османи категорично ни порача дека нема шанси да биде воведена виза за официјална Приштина, а европејците си поправиле својата грешка.

-Нема потреба ни пасоши за движење, а целта е на крај овој регион да влезе во рамките на слободно движење на граѓани. Увиден е тој пропуст од страна на Европската комисија, ќе биде коригиран. Република Северна Македонија нема да стави визи на Косово, затоа што нема потреба за тоа. Напротив работиме на уан стоп шоп, работиме на целосно елимирање на границите, изјави Османи.

Заканата за можно укинување на безвисниот режим за Македонија, доаѓа во моменти кога актуелен е скандалот со државјанството на украинскиот олигарх Олександар Онишченко, а се уште свежи се и сеќавањата на патните исправи со туѓ идентитет, кои ги добија светски барани криминалци.

Матеја Петровски

Advertisements

Поврзани вести