Повторно ветувања наместо учебници

Празни ранци фрлени пред министерството за образование и наука, учениците револтирани што се уште немаат книги а веќе поминаа речиси два месеца откако почна школската година. Партијата Алијанса за Албанците (АА) побара од МОН  итно да го реши проблемот со учебниците за основците и средношколците.му понудија опција на  првиот човек во образованието Јетон Шаќири – или да го реши проблемот со учебниците, или да се повлече и да дојде некој друг кој знае..

Веќе 44 дена од почетокот на школската година, учениците немаат книги, немаат учебници, тие се стари, недостигаат неколку страници, имаат лоши преводи, лоша содржина, а нема никаков обид за истите недостатоци да се поправат и учениците да го добијат елементарното право да добијат учебници. Сега веќе може да се вика и министерство за уништување на образованието. Срам на оправдувањето на министерот дека овој проблем е многу стар, изјави Арбен Зеќири, портпарол на Алијанса за Албанците

Од МОН не се многу загрижени за овој проблем, велат дека на почетокот на ноември се очекува учениците да добијат учебници, повеќе од 30% од учебниците се целосно сменети, односно ќе бидат со нови сорджини, па затоа процесот траел толку долго.

За да се одобри еден учебник, таа е постапка која треба да има законски основ и кога таа постапка вие може да се уверите сите тие записници, мене ми е драго што и досега имаат регирано дека немаат учебници и дека имаат прифатено дека имаат скрипти, некои ги нарекуваат дополнителни материјали, изјави Јетон Шаќири – министер за образование

Друг проблем , за кој денеска алармираа наставниците е зачестеното насилство меѓу учениците, носење на ножеви, остри предмети и наркотици во ранците наместо книги. Од Алијанса коментираат дека не е чудно, што во празните ученички чанти, наместо учебници, да има место за алатки на кои не им е местото во училиште.

Бојана Златкова

Advertisements