Повремени врнежи од дожд, на планините снег

Во Македонија денеска се очекуваат повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Пообилни врнежи ќе има во источните делови каде вкупната количина на наврнат воден талог ќе биде над 30литри на метар квадратен.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната максимална ќе достигне од два до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд и со кратки сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе достигне до пет степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно време со локални слаби врнежи, а во петок и за време на викендот се очекува стабилно време со пораст на температурите, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.