Повик за првиот охридски Конгрес на правото 2022

На тема “Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“ од 13-16 Октомври за прв пат ќе одржи Охридски конгрес на правото 2022, во организација на студентите од Правен факултет “Јустинијан Први“ при УКИМ. Оваа година за прв пат се одржува конгрес од ваков карактер, а на истиот ќе присуствуваат околу 150 учесници од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

Организаторите, најавуваат висококвалитетна програма исполнета со висококвалитетни говорници, универзитетски профеосори, јавни обвинители, судии, адвокати, говорници кои преку предавањата, панел дискусиите и неформални разговори ќе ги пренесат своите искуства од областа на правото, исто така програмата вклучува и дебатен турнир со парична награда за првите три освоени места и спортски активности за учесниците.

Повикот за пријавување е веќе во тек со учество за котизација од 85 евра и ќе трае до 1-ви Октомври, а конгресот ќе се одржи во Хотел Силекс во Охрид.

Повеќе информации околу конгресот, агендата и сите останати детали поврзани со конгресот ќе бидат достапни на инстаграм страната: https://instagram.com/ohridskikongresnapravoto_2022?igshid=YmMyMTA2M2Y= и на официјалниот мејл: [email protected]

Advertisements