Повеќе од 380 компании на 5. FMCG Summit Скопје 2019

Повеќе од 380 учесници од најголемите компани од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка во земјава го посетија 5. FMCG SUMMIT што се одржа во хотелот „Александар Палас“.

Магазинот InStore е организатор на овој најголем настан во трговскиот сектор во Македонија.

Пред присутните на самитот, своите драгоцени искуства и знаења ги споделија 11 говорници од земјава и од Словенија, Хрватска, Србија и од Велика Британија. Главна ѕвезда беше британскиот футуролог за малопродажба Метју Браун. Тој преку интересна презентација насловена „Патување во иднината на малопродажбата“ ги инспирираше и импресионираше гостите.

FMCG самитот е ексклузивно случување во секторот и централно место кое ги поврзува трговците, произведувачите и дистрибутерите.

Големо е задоволството што на овој мини јубилеен петти FMCG самит имавме учеснции во толку голем бро и говорници од повеќе земји. Тоа всушност го истакнува и значењето на овој настан не само за трговскиот сектор, туку и за земјата. Горди сме што уште еднаш срушивме рекорди и ги исполнивме очекувањата на учесниците, изјави Верица Мартиновска, директорка на магазинот InStore во Македонија.