Повеќе од скромно – речиси 60-тина собраниски седници и 500 точки останале незавршени во мандатот на Tалат Џафери
Речиси 60 седници останале незавршени во Собранието откако актуелниот спикер Талат Џафери седна на претседателското столче во законодавниот дом. Според извештаите за работа на Собранието од 2016 до 2023 година, се чини дека Џафери не си ја врши до крај работата за која е платен, односно финализирање на седниците, со затворање на сите точки.
Вкупната бројка на незавршени точки е без малку 500, што може да се толкува како не доволна ажурност и ангажираност на спикерот.
Пред неговото доаѓање на чело на собранието, од 2008 до 2016 во рок од 8 години незавршани останале само 12 седници и 20 точки што во споредба со сегашните бројки е за 100 пати помалку.
2008-2011
146 седници вкупно
2 седници незавршени – со 5 точки незавршени
2011-2014
87 седници вкупно
3 седници незавршени – со 3 точки незавршени
2014-2016
125 седници вкупно
7 седници незавршени – со 12 точки незавршени
2016-2020
137 седници вкупно
23 седници незавршени – со 52 точки незавршени
2020-2023
125 седници вкупно
35 седници незавршени – со 427 точки незавршени
Иако незавршените седници и точки само се зголемуваат, според дел од познавачите Џафери, не само што заостанува во работата, туку и се почесто го крши Деловникот за работа. Последен пример е оној за гласање за уставните измени. Според поранешниот спикер Вељановски, уставните измени , онака како што е напишано во деловникот, требаше да се најдат на дневен ред најдоцна до минатиот петок, но Џафери сепак реши дека точката ќе се нашла на маса пред пратениците кога ќе имало услови, односно 2/ 3 мнозинство.
Дека работата на Собранието не тече како што треба е доказ и последниот ивештај Мој пратеник каде е нотирано дека повеќето расправи се без целосна аргументација. Во извештајот е забележно и непочитуваењто на пратениците меѓусебе. Кавгите во собранието се речиси секојдневна глетка, а оној кој треба да востостави ред се чини како да е дел од нив.