Повеќе од половина од граѓаните сметаат дека не треба да се прифатат условите на Бугарија

Скоро половина од македонските граѓани се против прифаќање на бугарските услови, а една третина не гледаат перспектива во интеграцијата со Европската Унија, покажуваат најновите анкетни истражувања.

Најголем дел од испитаниците, односно високи 48% сметаат дека францускиот предлог содржи услови кои не требаше да се прифатат. 29% одговориле дека е прифатлив, а 22% немале одговор на ова прашање.

На прашањето, дали треба да се продолжи со интеграцијата во Европската унија, повеќе од половина, односно 58% одговориле со „да“, додека пак значајна третина од 32% сметаат оти треба да се откажеме македонскиот евро-интегративен процес.
Во однос на културните клубови и Бугарски здруженијата во Македонија, поголем дел, односно две третини од испитаниците одговориле дека овие клубови не придонесуваат за надминување на разликите.

Во првата половина на ова анкетно истражувње, во кое вчера се објавија резултатите од мерењата на рејтингот на партиите, се потврди двојната предност на опозицијата спрема власта. Резултати кои се повторуваат скоро во сите истражувања годинава.

Инаку, истражувањето било спроведено од агнецијата „маркет вижн“ за потребите на МКД мк, преку телефонска анкета спроведена на репрезентативен примерок од 1.200 испитаници, во периодот од 7ми до 13ти ноември со статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 95 отсто.

Никола Цветкоски

Advertisements