Повеќето хотели на западното охридско крајбрежје не се приклучени на колекторскиот систем

Од сите хотелско угостителски објекти послани во туристичките населби од Струга до Радожда, само 3 хотели се приклучени на колекторски систем –останатите во 21 век, фунционираат со септички јами чии фекални води понираат или дирекно се празнат во езерото. Посебно загрижувачка е ситуацијата во Радожда каде никнуваат сместувачки капацитети,некои и со огромни габарити чии отпадни води завршуваат во езерото, бидејќи таму колектор нема.

Да, нашиот колекторски ситем почнува од Елен камен, а делот од Елен камен до Радожда тука е автокампот Ливадиште кои што си има своја засебна прочистителна станица.Нажалост, останатите објекти кои што се таму во моментов имаат септички јами и нив ги користат за фекалната вода која што ја испуштаат од објектите”-вели Владимир Алексијоски-директор на Колекториски систем

Шпанска консултатско проектантска фирма во наредните 10 месеци ќе изработувала проект за изградба на пречистителна станица од Елен камен до Радожда, а потоа преку странски фондови ќе се барале пари за изгардба на истата. Но,со септички јами фунцкионираат и Љубаништа и охриското Сен Тропе-Трпејца. И додека првиот човек на Колекторски систем тврди дека испадите на колекторот кои биле ретки и кратки,не се должеле на неговата преоптовареност и нефунцоналност, независните експерти отворено посочуваат дека во последниве 2 децении се билдале само административните капацитети.

Тие капацитети сеуште не се доволни за одржливо управување со Охридското езеро, бидејќи сеуште две закани се актуелни кои што би имале долгорочни последици, а тоа се испуштањето на нетретирани отпадни води од населените места кои сеуште не се поврзани на колекторскиот систем.Сепак, во изминатите 20 години за жал и сега,се издвојуваат минимални сретства од државниот буџет за дирекна заштита на едно од најскапоцените екосистеми во Македонија”-вели Ѓоко Зороски,инг за животна средина.

Онаму каде нема колектор, има пречистителни станици.Според извештајот на Инстутуит за јавно здравје дел од нив не функционират и се чувстува непријатна миризба бидејќи не се чистеле редовно. За директорот на Колктор било сосема нормално на овие температури да има миризба каде што има собирен базен за фекалии.

Росица Голабоска

Advertisements