Побогата скара за „избраните“: Првомајска честитка за Ковачевски и функционерите- од денеска официјално со 78 проценти повисока плата

На денот на трудот и официјално сите функционери ќе добијат пари за побогата скара. Обичниот човек едвај ќе собере за кебапче, додека премиерот, министрите и сите други од очигледно повисоката класа ќе можат да се гоштеваат со бифтеци.

Први мај, денот кога работникот го изразува незадоволството за своите работнички права, оние кои треба тие да им ги обезбедат си добиваат 78 проценти повисока плата.

Додека минималната плата е 20.000 денари, а луѓето на улица бараат подобар жвиот, со покачувањето на платите, најмногу ќе добие македонскиот претсадател Стево Пендаровски, наместо досегашните 93.000 денари, сега ќе има месечен надоместок од 165.000, премиерот Димитар Ковачевски и собранискиот спикер Талат Џафери ќе имаат плата од 150.000, министрите ќе добиваат околу 110.000, додека другите функционери, пратеничи и судии ќе имаат околу 100.000.

Откако Уставниот суд одлучи да му го зголеми месечниот надоместок, премиерот пред еден месец најави дека ќе се разгледувале модели за законски измени со кои платите не би биле толку покачени, но од тоа се уште ништо. Засега одлуката на Уставен морала да се почитува. 

-Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица е конечна и треба да се почитува со оглед на тоа дека одлуки на Уставен суд се конечни, изјави Ковачевски.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи пак порача дека политичарите имале ниски плати, па требало истите да бидат повисоки, со цел да се привлечеле успешни луѓе да сакаат да влезат во политиката.

-Верувајте и прашањето на платите на политичарите е важно и во борбата против корупцијата и во борбата за привлекување поквалитетни кадри во политиката. Инаку, со ова ниво на плати нема секој граѓанин кој што е квалитетен и може да нуди на политиката ќе се одлучи да се занимава со политика, изјави Османи.

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи, пред 20 дена се пожали дека платата му била тогаш се уште иста, не била покачена.

Па не е покачена, интересно е што имам иста плата, еее замисли, кажа Битиќи.

Матеја Петровски

Advertisements