});

Победете ја несоницата со зачин кој го имате дома

Безброј луѓе во светот страдаат од несоница и имаат проблеми со сонот.

Пореметувањето на спиењето може да биде резултат на некои биолошки елементи, нездравата исхрана, психијатриските и физичките медицински состојби.

Но со само еден зачин, можеме да си помогнеме во битката со несоницата и да си го подобриме сонот. Станува збор за мускатното оревче.

Овој зачин има бројни здравствени предности, тој е одличен за детоксикацијата на организмот, помага во варењето на храната, ја ублажува непријатноста, го зајакнува имунолошкиот систем, го подобрува здравјето на кожата и го подобрува протокот на крв. Освен тоа, тој има умерен седатив кој ефикасно делува кога имате проблеми со спиењето.

Помешајте половина мала лажичка мелено мускатно оревче во чаша млака вода. Консумирајте ја оваа смеса 4-5 часа пред спиење.