Платите најниски, сиромаштијата најголема – Македонија лидер во регионот

Каква е мизеријата на која сме сведоци, а – и ја жевееме, во последниве години, не ја покажуваат, само случувањата со соседите, туку и состојбата во нашиот џеб, кој е се попразен и по-безвреден. Во споредба со земјите од регионот, кои исто како и нас, не се во ЕУ, ние сме со најниски плати и најнизок стандард, но затоа имаме најголема сиромаштија.

Македонија има убедливо најниски плати во регионот, односно нашите 500 евра- што ретко кој ги зема, не вредат ништо во споредба со оние од нашите соседи. Нашиот просек е најмал во споредба со регионот, а дополнителен удар врз вредноста е високата инфлација од 14,5% која „ги јаде“ работничките плати. А згора на се зборува фактот дека дури две третини од вработените земаат далеку пониска плата од просечната.

Од нас е подобра дури и Босна и Херцеговина со просечната плата од над 553 евра, додека во Србија е 620 евра. Далеку пред нас се Хрватите кои земаат просечна плата од 1.000 евра, додека просечната нето плата во Словенија за четвртиот месец од годината изнесува 1.304 евра.

Просечната нето-плата во април во Македонија е 31.525 денари. (511 евра)

Во Босна и Херцеговина просечната плата во април е нешто над 553 евра.

Во Србија е 620 евра, а Словенците земале над 1.300 евра.

Во вакви услови, илузорноп е да се прават споредби што може еден просечен македонец да си диозволи со неговата месечна плата.

За храна некако се преживува, но за друго е безмалку невозможна мисија. Кино, култура па и некој концерт, барем за сега, повеќето граѓани можат да сонуваат. Дополнитѕелно што депримира е фактот што кај нас платите не растат паралелно со трошоците на живот.

Па оттука и не чуди што сме клидер во регионот и во делот на сиромаштија. Скоро 440.000 граѓани едвај го преживуваат месецот, а 3% живеат во сиромаштија, со помалку од 100 денар дневно. Дури 8% од вработените се сиромашни и 7% од пензионерите.

Највисоките плати во земјата се во секторот информатика, кои надминуваат 1.000 евра. Од друга страна, најниските плати земаат вработените во земјоделскиот сектор.

Само во првото тримесечје од годинава, од близу 692.000 вработени, 450.000 луѓе зеле плата под државниот просек.

Статистиката во меѓувреме е немилосрдна. Трошоците за живбот од месец во месец се повисоки, а како тоа изгледа покажуваат цените. На пример маслото за јадење за една година поскапе за 50%, лебот за над 30, месото за 20% и така натаму. Сметките за струја за една година пораснале за 10%, а горивата за дури 64%.

Борис Грујоски

Поврзани вести