Платежната агенција со нови вработувања, парите од ИПАРД 2 не се користат доволно

Земјоделците недоволно ги искористуваат парите од програмата ИПАРД 2. Европа критикува, надлежните се правдаат дека подобри резултати ќе има годинава. Земјоделците досега добиле 3 милиони евра, но во министерството за земјоделство се оптимисти дека во текот на 2019-та ќе се доделат вкупно 8.7 милиони евра.

Парите не се искористуваат доволно, но кадар се вработува масовно. Од Платежната агенција велат дека токму овие нововработени службеници ќе работат на апликациите на земјоделците за ИПАРД 2. Агенцијата ангажира 70-тина нови работници од стартот на годинава.

Министерството за земјоделство денеска ги повика земјоделците да аплицираат и на новиот повик за ИПАРД 2 за диверзификација на фарми и развој на мали бизниси кој ќе биде објавен наскоро. На земјоделците ќе им бидат достапни од 8 до 10 милиони евра, односно можат да добијат поврат на 65% од инвестицијата.

Тања Попова