});

Планината Јабланица да се прогласи за национален парк – бараат екологистите

Планината Јабланица да се прогласи за национален парк, бидејќи само на тој начин државата ќе може да ги заштити нејзините ретки природни богатства кои масовно се екплоатираат и да стави крај на неконтолираното искористување на планинските ресурси. Еколошките здруженија подготвени да ја истуркаат идеата до крај, формираа иницијативен одбор.

Пустошењето на шумите и бесправната сеча може да доведат до ерозија на земјиштето и намалување на искористеноста на водните ресурси, а тоа е голема закана за планината. Ова е аргумент плус, зошто Јабланица мора да добие трајна заштита преку прогласување на национален парк – силно апелираат експертите.

Укажувајќи на последиците од нелегалната и неконтролирана сеча,локалните еколошки друштва и невладини организации од регионот,уште пред 3 години одржаа марш со цел да го свртат вниманието на институциите.

Националниот парк „Шебеник-Јабланица” има голема посетеност, а доколку Јабланица се прогласи за национален парк и од македонска страна, туристите ќе можат да уживаат во една од најживописните планини која ја делат двете соседни држави.

Росица Голабоска