Пијано 14 годишно момче кршело се пред себе во болница во Загреб

Дете од 14 години со четири промили алкохол во крвта, на новогодишната ноќ кршело се пред себе во детската болница во Загреб, јавуваат хрватските медиуми.

Тинејџерот пристигнал во болницата на новогодишната ноќ под дејство на алкохол и други опијати. Тој бил однесен на детоксикација во посебна просторија, а при крајот на процесот почнал да дивее.

Тој кршел се што ќе стигне – од врати и прозорци преку мебел и телевизори, па се до санитарен чвор.

Детето прво се обидел да го смири дежурниот доктор, а потоа и дежурниот персонал. Кога не успеале, го повикале припадникот на обезбедувањето, но ни тој не успел пијаниот тинејџер да го стави под контрола.

Потоа била повикана полиција, која го совладала и го однела во психијатријска болница за деца и млади.