Пет месеци не може да им се влезе во трага на дојавувачите на бомби

Дојавите за бомби не престануваат , граѓаните не веруваат во системот.  Петти месец речиси секојдневно аларм за старт на денот е нова дојава за поставена експлозивна направа на бројни локации која никој не знае од каде и зошто доаѓа.

Паника се создава кај учениците кои алармираат да се најде решение, за да може соодветно да се реализира наставата.

Се надевам дека ова навреме ќе се преброди за соодветно да се реализира наставата и матурата и дека МОН и другите надлежни институции ќе дадат некое решение кое доцни. Би било добро да се земе помош од нашите партнери во НАТО и Европската Унија за да може да се преброди овој доста сериозен проблем, вели Александар Ангелковиќ, матурант во СУГС „ Георги Димитров. “

Граѓаните најмногу  стравуваат за своите деца, и не баш, веруваат дека институциите на системот се доволно моќни да го решат проблемот.

Во меѓувреме, од МОН им укажаа на училиштата да ги зајакнат контролите, а кога ќе се случат дојави да има онлајн настава наместо целосен прекин.  Социолозите алармираат дека целиот воспитно- образовен процес е доведен до прашање.

ТОНСКО  Проф. д-р Татјана Стојановска-Иванова – Социолог при Институт за социологија на УКИМ

Не смееме да имаме изгубени генерации коишто нема да имаат не само доволен фонд на знаење, ќе имаат еден вид морален и вредносен вакуум… Ова може да оди во недоглед. Што сега, ќе се враќаме повторно на онлајн-настава? Која е поентата на тоа, изјави  Стојановска-Иванова.

Целта на постојаните дојави е да се создаде паника и недоверба , сметаат експертите и премногу долго се соочуваме со проблемот. Од друга страна Македонија станува небезбедна држава во очите на меѓународниот фактор . Според професорот Златко Димовски , терминот „ хибридна војна“ го плаши населението.

Мора да сфатиме дека сајбер просторот треба соодветно да го заштитиме. Да најдеме модалитети, постојат модалитети , тоа се научно технолошки достигнувања кои треба да ги искористиме кај нас и да понудиме одредени решенија, да инвестираме во сето тоа и во кадар и во соодветни ресурси од материјална природа, за да може да одговориме на соодветни предизвици кои би ги имале во иднина, зашто не верувам дека ќе се застане на ова, вели Проф. Златко Димовски.

Првата лажна дојава се случи на крај на октомври минатата година.  Прво мета на дојавите беа основните и средните училишта по што почнаа да се речиси насекаде и скоро секој ден , а од Власта до сега слушнавме само дека станува збор за хибридна војна и дека се работи на расчистување на случајот.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста