Пет деца загинаа во пожар во градинка во Пенсилванија, четири се повредиле скокајќи од прозорците

Пет деца загинаа во пожар во приватна градинка во Пенсилванија, од кои четири се браќа и сестри.

Тие биле згрижени во центарот додека мајка им била на работа. Станува збор за деца на возраст од осум месеци до 8 години.

Четири деца се повредени, додека скокале од прозорците на вториот кат за да се спасат.

Повредена е и сопственичката на градинката и соседот кој дошол за да ги спасува децата од пламенот.

Пожарот избувнал во градот Ири во Пенсилванија. Осум лица биле во домот кога пожарот избувнал околу 1:15 часот по полноќ.

Пожарот избил на првиот спрат од објектот, па две момчиња на возраст од 12 и 17 години се спасиле скокајќи преку прозорец.

Пожарникарите успеале да спасат седум лица.Причината за пожарот се истражува.