Пет деца загинаа, а 16 се водат за исчезнати во поплави во Јордан

Најмалку пет деца на училишна возраст загинаа денеска во Јордан, а 16 се водат за исчезнати, како резултат на поплавите што го погодија градот во близина на Мртвото Море, каде околу 40 деца заедно со наставниците биле на излет, соопштија извори од цивилната одбрана.
Во тек е сеопфатна операција за спасување.
Спасувачките екипи спасиле 11 лица, од кои некои се во сериозна здравствена состојба, информираат неименувани извори