Пет години од референдумот за промена на името: Македонија е подалеку од ЕУ од било кога претходно

Пет години од референдумот за промена на името: Македонија е подалеку од ЕУ од било кога претходно

Пет години откако народот го бојкотираше референдумот за промена на уставното име на државата, а сепак Македонија ја доби претставката Северна. На 30 септември 2018 година граѓаните требаше да одговорат на трик прашање за кое нема единствен одговор,  „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

Граѓаните преку бојкот гласно кажаа НЕ. Само 36% излегоа да дадат поддршка за Преспанскиот договор.

Одлуката не е усвоена, бидејќи не гласале повеќе од половината граѓани запишани во избирачкиот список.

Власта пред камерите се обидуваше и покрај тоа што народот кажа НЕ, да покажат дека сепак резултатите не ги допираат и името ќе се смени.

Атмосфера – да бидеме малку насмеани

Дека граѓанското НЕ нема да важи за власта уште вечерта на 30-ти септември ни кажа поранешниот премиер Зоран Заев, најавувајќи дека ќе се обиде преку Собранието да ги протурка уставните измени.

Ќе направиме обид во Парламентот, да разговараме со пратениците, и ќе знаеме, ако има двотретинско мнозинство, ја почнуваме постапката со уставните промени.

Што и на крајот се случи. ЗА гласаа осум пратеници на опозицијата, а кај пет од нив во одлука веројатно помогнаа судските лавиринти и нечистите игри.

Поучени од она што и се случи пред 5 години и веројатно исплашени од волјата на народот, владино – државниот врв за договорот со Бугарија кој и те како ја допира македонската јавност, како да е алергичен на зборот референдум.

По однос на договорот со Бугарија ниту може, ниту смее да има референдум. Аријана 16 септември.

Јас немам никакво разбирање за нивното барање за референдум. Станува збор за манипулација која Мицкоски ја направи… Ма какви… Глејте, за каков референдум…. Тоа се сосема друго прашање

Иако токму промената на името која се случи и со пропаднатиот референдум , беше претставувана како последна отстапка на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ, сепак Македонија со  сменето име, згрбавена и понижена се уште остана во чекалницата на Унијата сега со нов услов, Бугарите да станат дел од преамбулата на македонскиот устав.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста