Пет години власт на СДСМ- ДУИ: Од улични протести до удобни владини фотелји, па на крајот до криење од сопствениот народ

Од улица, со помош на Шарената Револуција, СДСМ се смести во удобните владини фотелји. Ветуваа многу, очекувањата на народот големи, но по тројца премиери, едниот технички, останаа само разочарувања. Рејтингот стопен, и речиси е сигурно дека на следни избори заминуваат во опозиција. Од Заев, преку привремениот Спасовски, и сега со Ковачевски, никој од нив не ја испорача европска, богата и светла иднина.

Наместо тоа, дојдоа пет години во кои Македонија доби ново име, Бугарска омраза, економско дно, пандемија кој едвај ја преживеавме и европски блокади. Сега се наоѓаме пред најнезниезвесната зима од самостојноста, не знеме дали ќе имаме струја и греење, а цените на основните продукти за преживување стигнаа до плафон. Како започна растот и се поизвесниот пад на СДСМ од престолот на Илинденска?

Старот беше во 2016-та. Заев почна со објавување на нелегално стекнатите прислушкувани материјали, т.н. бомби на тогашната опозиција, кои предизвикаа старт на протестите на Шарената Револуција со главна цел доаѓање на СДСМ на власт.

План кој на крајот и покрај поразот на Заев успеа. Овој пораз не беше доволен тогашната опозиција да излезе на славење пред Владата. По долги преговори од речиси половина година, Заев на Илинденска седна на трети јуни 2017-та, а за само два месеци ја направи и првата грешка на подоголки стази, го потпиша договорот за добрососедство Бугарија.

-Потпишавме договор, со кој недвосмислено го трасиравме патот на пријателството и соработката меѓу нашите две земји, изјави Заев по потпишувањето на договорот.

Наместо крај на проблемите, добивме нов голем проблем кој го имаме и ден денеска. Блокадите од Бугарија кои ги немаше врз основа на овој договор стана суровата македонска реалност.

Додека сите го очекуваа ветениот подобар живот власта во Скопје договори промена на имет Македонија, за што им требаше само една година. Според многумина капитулацијата беше потпишана на бегот на Преспанското езеро. договор.Потоа на ред дојде и референдумот, на кој иако немаше доволна излезност, односно само 36 проценти од жителите на Македонија дадоа поддршка, името беше променето. Од тоа добивме само членство во НАТО, но и голем број нереални ветувања.

-Членство во ЕУ за бесплатни здравствени услуги низ цела Европа, се велеше во рекламата.

-Членство во ЕУ за бесплатни студии на македонските студенти во Европа, се велеше во рекламата.

Промената на името болеше, но рејтингот на власта и Заев остана или имаше мал раст, а најверојатно поради пандемијата каде енормно скокна рејтингот на Венко Филипче, во кој многумина гледаа спасител од коронавирусот.

Па симпатиите кои тој ги имаше во јавноста сигурно донесоа до победата на изборите на 15-ти јули 2020-та, во ек на корона пандемија. Брзо потоа почна и падот на поддршката кај власта. Токму катастрофалното справување со истата беше причина за нагло паѓање на рејтингот на власта, кое на крајот резултираше со повлекување и на Заев и на Филипче.  

-Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ, кажа Заев по поразот на локалните избори.

На негово место пристигна Димитар Ковачевски, и неговиот премиерски период не минува како што очекуваат граѓаните и тој е на удар на големи афери. Една од нив за избегнувањето на воениот рок, каде бил запишан како трајно неспособен.

Голем удар за Ковачевски е и економската состојба во државата, граѓаните не знаат како да го преживеат месецот, основните продукти за прехрана се енормно поскапане, поскапа е и струјата, поскапо е и греењето. Поскапено е буквално се, а стагнираат платите.

Резултатот од неговата работа е прифаќањето на францускиот предлог, против кој голем број граѓани излегоа на улица да кажат не. А сега треба да видиме како ќе се справи со енергетската криза, околу плановите за тоа граѓаните не можат да слушнат нешто повеќе.

-На 15-ти октомври мора да има парно греење за граѓаните (КАКО) Со греење на вода во топланите и испорачување до домаќинствата, порача Ковачевски.

Во овие моменти кога секојдневно паѓа рејтингот на власта во Македонија, Ковачевски и колегите не сакаат да слушнат за предвремени парламентарни избори, кои ги бара опозицијата за излез од кризата во која се наоѓа Македонија. Гласот на граѓаните власта не сака да го слушне ниту за преговорите и разговорите со Бугарија, велејќи дека референдум во овој момент не смеел да дозволи, бидејќи прашувањето на граѓаните за националните интереси, било против европската иднина на државата.

Матеја Петровски

Advertisements

Поврзани вести