Пет години владеење: Македонија стана Северна и бугарска, судството се отвори како пупка, СДСМ помал коалиционен партнер на ДУИ

-Тешка геостратешка грешка, изјави еднаш Заев.

Пет години СДСМ и ДУИ, пет години големи промени, Македонија стана Северна по желба на Грција, но и нарекувана бугарска по желба на Бугарија. Политиките на власта доведоа до поразителни резултати за македонските национални интереси, еден од нив и најголемиот пораз според најголем дел од Македонците.

-Да живее Македонија. Да живее Република Северна Македонија, ни порача Заев.

Добивме реалност која спротивна од онаа која ни беше ветувана.

-Никој не може во Македонија и не верувам дека постои таков човек кој што би дозволил промена на Устав и промена на нашиот идентитет.

Добивме и договор со Бугарија, но и таму не го добивме она што ни беше ветувано.

Гаранцијата за идентитетските прашања се потврдени со договорот за добрососедство со Бугарија, тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ, велеше Заев.

Заев, почитувани, колку и да се вртиш Македонија е бугарска, порача Џамбаски.

Втората бугарска држава во Европа, Македонија или како што е од скоро Северна Македонија, кажа Костадинов.

Пред пет години друга реалност ни беше ветувана и во сегментот на правосудството, но резултатите и таму повеќе од разочарувачки. Довербата во судството е на историски најниско ниво, само осум проценти.

-Го отворив судството како пупка. Нема монтирани процеси и нарачани пресуди, изјави Заев.

Власта ги изневери и заборави и ветувања кои ги даваше за време на „Шарената револуција“. Токму на оваа тема за Алфа говореше и поранешниот советник за макроекономска политика во Министерството за финансии во првиот владин состав на Заев, Бранимир Јовановиќ.

-Пред да дојдат на власт ветуваа дека ќе бидат различни од претходните дека ќе работат за граѓаните, ќе ги вратат парите кај граѓаните, фамозниот план за живот, фамозното ветување ќе ги зголемиме платите, ќе дадеме просечна плата од 500 евра, ќе дадеме повеќе пари за стечајците, за сиромашните, за социјалните случаи, ќе ја зголемиме социјалната помош и сето тоа со даночење на богатите, односно со прогресивниот данок, Бранимир Јовановиќ-  поранешен советник  за макроекономска политика во Министерството за финансии.

Добивме и Влада во која иако со најмногу пратеници, СДСМ изгледа како помал коалиционен партнер на ДУИ.

-Кој ќе остане во Владата и кој ќе биде дел од метлата, по однос на функционерите од ДУИ, одлучува лидерот на ДУИ – изјави на 22 мај, 2019 година, Садула Дураку – поранешен министер за животна средина и просторно планирање.

Најпроблематична и според многу поразителна е политиката на Македонија на надворешен план, која на крајот кулминираше со прифаќање на францускиот предлог, со кој историските барања на Бугарија станаа дел од преговарачката рамка на државава за членство во Европската Унија. Едни ветувања, но друга реалност добивме и кога беше во прашање Тиранската платформа. Таа за власта не постоеше, но на крајот излезе речиси целосно реализирана.

Матеја Петровски

Advertisements

Поврзани вести