Пет години без трошка еуфорија: Како некогаш се славеа најголемите празници, а како сега со СДСМ и ДУИ на власт?!
За само пет години големите прослави на најголемите национални празници станаа минато. Повторно речиси без никаква еуфорија, како што речиси секогаш е случај од 2017-та наваму, сега се слави и 11-ти октомври, кога во Прилеп и Куманово пред 81 година, пукнале првите пушки против фашистичкиот окупатор.
Сепак, прославите на празниците како овој последниве години за жал изгледаат и повеќе од сиромашни, повеќе не можеме ниту да ги замислиме оние сцени, од пред 11 години на осми септември се собраа десетици илјади граѓани и го преполнија плоштадот Македонија. да прослават 20 години независнот на државата.
Вака беа прославени двете децении од денот кога македонските граѓани, речиси 100 проценти кажаа да за суверана, независна и самостојна Македонија. Голема славеничка и еуфорична атмосфера беше и на осми септември 1991-та година, на истото место како и 20 години подоцна, на плоштадот во центарот на Скопје.
Голема прослава за 10-годишнината од независноста немаше, очекувано бидејќи во тие моменти Македонија беше во внатрешен воен конфликт. Но за разлика од вечерта по референдумот во 91-вата и јубелијените 20 години од независноста, 30-те беа прославени и повеќе од скромно.
Со точно избројани столчиња и специјални покани, на прославата најголем број од луѓето беа политичарите или блиските до нив, како и претставниците на медиумите. Главно на оваа прослава беше маршот на рударите, претставниците на црвениот крст, медицинските работници, земјоделците, пожарникарите, полицајците и армијата на Македонија.
2020-та мина без голема прослава за што секако оправдување може да биде и екот на ковид пандемијата таа година, но зошто така беше и во 2019-та кога прославата беше и повеќе од скромна.
Оваа година кога и официјално сите рестрикции од пандемијата ги снема, повторно немаше голема прослава. Наместо преполн плоштад можевме да видиме многу помалку луѓе собрани на многу помалиот простор во Паркот Ибни Пајко.
Во минатото со многу поголема еуфорија се прославуваше и втори август, Илинден.
За разлика овие слики, оваа година за Илинден, граѓаните далеку од функционерите затворени зад ограда, во многу помал број беа во Крушево.
Сепак и оваа Влада знае да направи голема прослава, тоа беше случај оваа година, а главен организатор беше Артан Груби и неговото Министерство за политички систем. Организираа забава по повод две децении и потпишувањето на Рамковниот договор, прослава на која беше исвиркан македонскиот јазик, во моментите кога спикерката на настанот прозборе на македонски.
Се поставува прашањето дали кај власта ја нема желбата за поголеми прослави, или пак таа е падната и кај самите граѓаните, со оглед на тоа што Македонија последниве пет години доби променето име, но и според многумина целосна капитулирачка политика во однос на соседите, пред се последниов период во спорот со Бугарија.
Она што е плус проблематично е што Владата во многу случаи досега во паролите за прославите на најголемите празници многу често ги заборава зборовите Македонија, Македонци и македонско, така е и оваа година кога мотото е „Секогаш на правилната страна“. Без овие зборови мина и втори август, тогаш паролата беше „нашата сила идината“, како и осми септември, кога мотото беше „Обединети во слободата“.
Матеја Петровски