Петнаесетта жртва во несреќата кај Ласкарци

Згасна животот на уште еден патник кој им подлегна на повредите здобиени во страшната сообраќајка што се случи на патот Скопје – Тетово. Станува збор за 39 годишен маж кој со тешки повреди бил задржан на лекување на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување. Борбата за живот траела три дена.\

На КАРИЛ во критична состојба се тројца пациенти. Помеѓу нив е и 19-годишната девојка на која и беше ампутирана ногата. Т

Критична е состојбата на пет пациенти во болницата „8 Септември“. Во тека состојба е и 15-годишното момче, кое е најмладиот патник во автобусот.

Дел од повредените веќе се пуштени на домашно лекување, но дваесетина се уште се во болнички кревет. Во страшната сообраќајна несреќа кај Ласкарци животот го загубија 15 луѓе.

Сања Трајковска Ставров