Петков ќе си се предложи повторно: Бугарскиот премиер во заминување најсериозен кандидат за нов премиер на Бугарија

Бугарскиот премиер во заминување најсериозен кандидат за нов премиер. Владата падна, за партијата Ја продолжуваме промената, повторно да го кандидира Кирил Петков за иден премиер на Бугарија. Ова го соопшти еден од неговите најблиски соработници, Мирослав Иванов.

-Господинот Петков беше исклучително активен премиер, кој што кажа дека нема да прави компромиси со своите принципи, со просечноста, со тоа да има нула толерантност кон корупцијата. Тој ги исполни тие негови цели, изјави Иванов.

Ова е само потврда на зборовите на Петков, веднаш откако му беше изгласана недовербата. Тогаш порача дека ќе се обиде со независни пратеници да формира ново владино мнозинство и да ја продолжи својата битка за подобра Бугарија.

-Беше чест за мене да водам Влада кое што беше турнато од господин Пеевски, од господин Борисов, од Слави Трифонов и од госпоѓа Митрофанова. Тоа што тие не можат да го сфатат е дека така не можат да го добијат бугарскиот народ. Ветувам дека ние ќе продолжиме во таа битка да ја водиме државата и еден ден ќе имаме Бугарија без заткулисје, без мафија, една нормална, успешна европска држава, изјави Петков.

Се поставува прашањето што ова може да значи за Македонија, ако се знае дека Петков од Брисел ги соопшти бугарските позиции, кои остануваат исти, а тие внесени во францускиот предлог, кој беше изгласан од бугарскиот Парламент, но одбиен од македонската Влада, барем засега. Бугарскиот премиер изрази големо задоволство што бугарските услови, сега станале услови и на Европската унија.

-Тие ги разбраа условите кои што се важни за Бугарија и тие услови всушност се европски. Многу е важно правата на Бугарите да се заштитени во Македонија. Тоа е европско видување и европска обврска, тоа да се случува не само за нив, туку за сите луѓе кои сакаат да членуваат во оваа унија. Така што бугарските барања всушност тие се реално европски, изјави Петков.

Иако, првичните најави од партијата на Петков беа одење на избори во септември, сепак ова сценарио станува се помалку веројатно. Претседателката на партијата БСП, Корнелија Нинова, потенцираше дека избори и евентуална техничка Влада се најлошата можна опција за Бугарија во овој момент.
Матеја Петровски

Поврзани вести