Петков сепак не доаѓа во Скопје

Премиерот на Бугарија Кирил Петков сепак нема да дојде на 22 мај во Скопје. Најавената меѓувладина конференција нема да се одржи – Бугарија бара доказ дека Бугарите во Македонија не се дискриминирани и кон нив нема говор на омраза. Според шефицата на Кабинетот на Петков не е можно решение ако Бугарите не бидат вклучени како државотворен народ во Уставот и да ги имаат сите права што ги уживаат и другите народи во земјава.

Она што бугарската Влада и лично премиерот Кирил Петков би сакале да видат е некаков доказ дека Македонија има сериозен однос кон говорот на омраза и дискриминацијата на бугарското етничко население. Бугарија не бара малцинство туку вклучување на Бугарите како државотворен народ во Уставот на Северна Македонија, со цел „да ги имаат сите права што ги уживаат и другите народи”. Софија не изложена на надворешен притисок” во врска со деблокадата на стартот на преговорите на Македонија со ЕУ – изјави шефицата на Кабинетот на Петков.

Критики стигнаа и од потпретседателката на Бугарија – Илијана Јотова. Во Македонија растеле антибугарските ставови а резултатите од работата на заедничките комисии биле оскудни. Се закани дека нема да има „ДА“ за Македонија без писмени гаранции.

Бугарија мора да стои цврсто и цврсто на својата позиција. Не може да каже „да“ за членство на Македонија во ЕУ, додека нашата земја нема доволно гаранции утврдени во конкретен и значаен документ на европско ниво за да бидат земени предвид во секој чекор од преговорите – изјави Илијана Јотова – потпретседател на Бугарија.

Како се заострува ставот на бугарските политичари, така расте песимизмот кај македонската влада во пресрет на јунскиот самит, бидејќи се поизвесно е дека ветото ќе остане. Премиерот Димитар Ковачевски постојано повторува дека не се врзува за датуми а решение е можно единствено ако се заснова на европски вредности. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски пак постојано предупредува дека нема шанси за достоинствено тргање на ветото – ако тоа се случи, македонскиот народ ќе биде понижен и омаловажен.

Адријана Алексиеска