Песков: Путин и Трамп „ќе ги усогласуваат часовниците“ за прашања за стабилноста

Претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп на средбата на 11 ноември во Париз ќе разговараат за повеќе прашања поврзани со стабилноста, како и за Договорот за ликвидирање на ракетите се среден и краток дострел во Европа, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Средбата ќе се одржи на маргините на прославата на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна и нејзина главна цел, како што нагласи Песков, е Путин и Трамп „да си ги усогласат часовниците“.

– Пред претседателите на Русија и САД традиционално стојат многу прашања за кои треба да разменат мислења. Се уште постојат многу прашања кои се однесуваат на стабилноста, уште повеќе по искажаните намери на САД за повелкување од Договорот за ликвидирање на рекетите се среден и краток дострел во Европа, истакна Песков, додавајќи дека Путин и Трамп исто така ќе разговараат и за билатералните односи меѓу Русија и САД.