Пендиков како холивудска ѕвезда- документарец на БТВ за „опасниот“ живот на македонските Бугари
-Стравувам да не се случи истото или полошо. Да не бидат следните панихиди наши, вели Пендиков во филмот на БТВ.
Од осомничен за трговија со дрога во Македонија, до статус на холивудска ѕвезда во Бугарија. Кафеанска тепачка, за која нема докази дека бугарската самосвест на Христијан Пендиков била причина, стана причина да се сними филм за животот на Бугарите во Македонија.
-Не се чувствувам заштитен воопшто, вели еден од соговорниците.
Во 15 минутниот филм очигледно желбата е македонските Бугари да се претстават како најголеми жртви. Лица со скриен идентитет се жалат дека преживуваат вистински пекол во државава, па дури и дека им било страв да излезат од дома….
-Почнаа луѓето да пцујат, ти си ваков, ти си таков, ти си предавник, мрсно куче. Секакви гнасни зборови, вели еден од соговорниците.
-Јавно се линчуваат луѓе со бугарска самосвест. Со една цел- говор на омраза кон нив и да бидат напаѓани по улиците. Има пријави за тоа во полиција од најмалку 10 луѓе, Бугари, вели еден од соговорниците.
Соговорниците во документарецот на Бтв чиј идентитет не се открива се жалат дека имале закани по живот поради својата бугарска самосвест. Очекувале да бидат тепани по улиците, но добивале само пцости.
ТОНСКО: Веднаш почнаа на тие што бевме на снимката, 10 души, почнаа закани, закани по живот. Неколку дена после панихидата, одејќи по улицата каде што живеам, некоја кола во минување, не видов кој беше, ме пцуеја. Мислев ќе застанат тука и ќе ме тепаат, ама не застанаа, за моја среќа. После 13:00
Според овој филм бугарската самосвест била причина и егзистенцијата да им биде доведена во прашање.
-Ми кажаа дека сум навредувал Македонците со тоа што сум се декларирал како Бугарин. Ти си предавник. Земаш пари од Бугарија, затоа се декларираш така. Затоа не ти е гајле, ќе ја изгубиш работата, вели еден од соговорниците.
-Има и едно друго нешто, што многу се говори дека ви се плаќа и за тоа сте решиле да сте Бугари? Во моментов дури немам ни работа, немам ни пари, јас не знам каде се тие пари, кои Бугарија нас ни ги дава, вели еден од соговорниците.
Дека состојбата на Бугарите во Македонија не е таква каква што сакаат да ја претстават оние кои пред некоја година дознале дека се Бугари, во филмот кажува Мартина Спиротска, Бугарка родена во Варна, омажена за Македонец од Охрид.
-Моите деца никогаш немале проблем како Бугари, тие се чувствуваат како Бугари и секогаш ќе бидат Бугари, половина Македонци, половина Бугари, тоа е нормално, вели Мартина Спиротска.
Таа се осврнува и на тепачката по која Пендиков со владин авион беше однесен во Бугарија. Според неа жалосно што целата оваа ситуација се исполитизирала.
-Охрид е мал град, сите се познаваме, навистина ми е многу криво што нешто такво се случи и се политизира. Дај Боже пак да биде како што било некогаш. Македонскиот народ го сака бугарскиот народ, вели Бугарката омажена за Македонец од Охрид.
Не само од медиумите, Пендиков доби еден вид херојски статус во Бугарија и од страна на политичкиот крем. На државна сметка доби стан и обезбедување, а според најавите ќе добие и стипендија, за кај источниот сосед да го заврши своето високо образование.
Матеја Петровски