Пендаров: Во Македонија не се имплементираат законите

Во Македонија не е проблем немање на законска рамка, туку недостига имплементација на законите, вели Тодор Пендаров.

-Европјаните се луѓе исто како нас. И претходно од Европа ни давале совети и насоки за закони кои се однесуваат на безбедноста. Кај нас е проблем имплементација на законите. Ние не ги спроведуваме. Важно е да се наметне прашањето како врз службите за безбедност да се воспостави контрола. Духот на старата служба се уште лебди, беше квалитетна, вели аналитичарот Пендаров.

Ако не заживее парламентарната контрола, но и граѓанската, цивилната, контрола, идната служба, смета Пендаров, ќе ни се повторуваат старите грешки кои 27 години ни се повторуваат.

Во „Отворено на Алфа“ со Искра Коровешовска на тема „Сe реформира ли реално УБК или е вплеткана во нова политичка пајажина?“ дебатираат политичките аналитичари и безбедносни експерти, Оливер Андонов, Милан Стефаноски, Тодор Пендаров.