Пендаровски: Со мене како претседател ќе имате внатрешен „камшикар”

Кандидатот за претседател Стево Пндаровски го потсети премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на митингот во Прилеп, на неговата изјава дека ни треба еден „камшикар” од Брисел кој ќе ни каже кои демократски стандарди да ги употребуваме за да напредуваме и му порача дека со него како претседател ќе има и внатрешен “камшикар”.

– Не ми паѓа на памет ако некој ми се појави со 61 потпис за мандатар да не го дадаммандатот или пак со месеци носени закони во Парламентот двапати да не ги потпишувам. Нема на таков начин да бидам злосторник против својот народ и својата држава, рече Пендаровски.

Пендаровски вети дека ќе потпишува закони кои се исклучиво во интересите на граѓаните и дека доколку за некој закон смета дека не е во ред ќе седне со премиерот, било кој да е, и ќе се обидат да го поправат тој закон.

Заев рече дека Пендаровски како претседател на државата нема да прима наредби од никого, ниту од премиерот.