Пендаровски прво ќе се селеше ако не беше претседател, сега не убдеува дека уставниоте измени ќе ги задржи младите

Велеше ако не бил претседател на Македонија ќе се ислелел од државата, а сега инсистира да направиме уставни измани за да ги задржиме и оние млади кои останаа дома. И по 7 години, власта која во опозиција редеше патики пред влада, критукваќи за масовно иселување, продолжува да игра на картата со судбината на младите кои од година в година се повеќе го бараат спасот надвор, бегајќи од катастрофата дома.

Протестот тогаш се одржа под името „Колку чевли останаа неизносени“. Активистите сметаа дека веќе со години сме сведоци и жртви на најголемот современ егзодус во Македонија.

Наместо да критикува за отстсутво на реформи и политики за тоа како младите да останат дома, Претседателот Стево Пендаровски продолжува да го користи проблемот за популизам во кој и самиот тој е контрадикторен. 

  • Само од нас зависел дали четвртата македонска република ќе биде европска или емигрантска, прече претседателот на Илинден.
  • Тие имаат само еден живот, сите имаме само еден живот и никој не е луд да го троши додека преговорите со ЕУ траат со години, а притоа просечната плата во земјата земја изнесува 400 евра. Да не бев претседател и самиот би се иселил од мојата држава“, рече Пендаровски во 2019 година.

Тој уште во 2019 сметаше дека Западен Балкан покрај проблемите на економски план, го мачи и апсолутната зависност од помошта од ЕУ.

За последниот адут на Пендаровски, уставните измени, политички консезус нема, а нема ниту поддршка кај безмалку сите Македонци во државава, што го отсликуваат и анкетите. Напротив, тие покажуваат дека корупцијата, правната држава, катастрофалната економска состојба се главните причини поради кои младите сакаат да си заминат од сопствената држава.  

Дека состојбата со иселување на младите е загрижувачка алармираше и Рашела Мизрахи, од ВМРО-ДПМНЕ која во гостување на Алфа рече дека власта дополнително придонела за се повеќе млади да си заминат од дома.

Колкава е катастрофата, покажува и статистиката. Споредувајќи ги последните резултати од послендите два пописа, повеќе од 150.000 млади луѓе се иселиле од Македонија во последните две децении, бројка што е и повеќе од загрижувачка. Од младинските организации, причините за масовното иселување на младите првично ги лоцираат во лошиот општествен систем.

Според последното пребројување, Македонија има речиси 200.000 жители помалку во споредба со 2002 година, бројка еднаква на два поголеми градови.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста