Пендаровски не сакаше да говори за „Бехтел и Енка“: Премиерот, за овие работи, најдобро тој, тоа е се

Македонскиот претседател не знаел ништо, не видел ништо. За законите за Бехтел и Енка ќе коментирал кога ќе биле изгласани во Собранието и кога ќе пристигнеле во неговиот кабинет, па тогаш и ќе одлучел дали ќе ги потпише. Пред тоа немало да говори ништо, а не испрати одговори да сме барале кај премиерот Димитар Ковачевкси.

-Премиерот ќе биде таму, за овие работи најдобро тој. Тоа е се, изјави Пендаровски.

Владата со законите кои ги турка со европско знаменце си наиде на проблем.  Европската Унија испрати осуда. Но извршната власт останува глува. Ковачевски  призна дека европското знаменце го ставиле и за избегнување на дебата со опозицијата, велејќи дека од нивна страна се вршеле блокади.

-Исто како што ги блокираат и сите други закони кои што се однесуваат на реформи во државата и на европскиот пат на државата и станување станување на полноправна членка на ЕУ. На граѓаните не им требаат блокади, им требаат автопатишта, коридори и реформи, изјави Ковачевски.

Претходно од делегацијата на ЕУ во Македонија изразија загриженост што европското знаменце се користи за овие закони. Во овој случај, предлог-законите се чини дека не се однесуваат на усогласување со таквите стандарди. Ја изразивме нашата загриженост до националните власти и бараме дополнителни појаснувања, велат од делегацијата на ЕУ во Македонија.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста