Пендаровски и бизнисмени: Правната сигурност – клучен приоритет на стопанството

Владеење на правото, борба со корупцијата, помали политички превирања – ова се приоритетите за бизнисот за да се испорача економски раст од 3.5%. Барањата, Сојузот на стопански комори денеска му ги претстави на претседателот на државата Стево Пендаровски. Претседателката на ССК ги посочи најважните реформи што треба да се преземат за да се подобри економскиот развој. За бизнисот најважна е правната сигурност, бараат независно судство кое треба да ја санкционира секоја коруптивна активност.

Бизнисот му порача на Пендаровски да ја користи секоја меѓународна посета за да ја промовира земјата, да има средби со бизнис делегации, да гради економски партнерства. Бараат и лицата вработени во амбасадите и конзуларните претставништва да знаат како економски да ја промовираат државава. Шефот на државата се заложи како потписник на законите, да го подобрува бизнисот амбиентот во земјава.

Претседателот, и бизнис заедницата се согласни во едно. За да се подобрува деловната клима неопходно е меѓу политичарите да нема поделби околу стратешките цели: економскиот развој, евроатлантските интеграции и меѓуетничките односи.

Тања Попова