Пеколот низ кој поминуваше и мизеријата на Иво Марковиќ, ги разбудија институциите

Крај за неколку месечната мизерија на 60 годишниот Иво Марковиќ од Скопски Карпош кој со недели лежеше неподвижен во својот измет. Откако Алфа викендов објави сторија за неговата агонија, институциите се разбудија. Министерката Јована Тренчевска денеска не се појави пред неговиот до, но прати екипа од Центарот за социјални работи Карпош и Брза помош со кои тој беше итно пренесен во Клиничкиот центар „Осми Септември“.

Со месеци за Иво се грижеле соседите, а институциите кренале раце, се додека ужасната слика од неговиот дом не беше јавно објавена. Тој е Србин и е заглавен во лавиринтот од институции вадејќи македонски лични документи. Од Центарот за социјални работи ветија дека ќе преземат одоворност.

Освен соседите помош пружиле и од Црвен Крст. Оттаму негуватели  3 месеци му носеле храна и лекови на Иво и се грижеле за хигиената во станот и за неговата здравствена состојба.

Екипа на Алфа телевизија за првпат го посети Иво во сабота. Ужасна реа се ширеше од вратата, а ниту утрината глетката не беше поинаква.

Иво Марковиќ ја доби потребната медицинска помош и нега, но дали ќе има и решение на неговите проблеми зависи од надлежните и нивните ветувања. Тој треба да добие конечно сместување во Геријатрија доколку остане неподвижен и немоќен да се грижи сам за себе.

Судбината на Иво ја делат многу граѓани во Македонија. Осаменоста и не им е  најголемата мака во оние моменти кога се сотавени на милоста на соседите и немилоста на македонските институции.

Паула Костадиноска

Advertisements