Пекевски: Димитар Ковачевски ја распадна СДСМ со новиот кривичен законик

Со измените на кривичниот законик премиерот Димиатар Ковачевски тргна на патот да ја расопадне својата партија СДСМ, смета политичкиот аналитичар Синиша Пекевски.

-Мислам дека ова е дел од кампањата „Ние сме Европа“, каде што го следат примерот од големите држави, Франција, Германија, Шпанија и Италија и го преземаат истиот начин на функционирање. Од друга страна дефинитивно Димитар Ковачевски ја распадна партијата и на следните избори моето мислење е дека оваа партија повеќе нема да постои или ќе биде партија од неколку пратеници што реално ќе се придрижуват кон други партии, да речеме кон партијата на Максим Димитриевски, изјави Пекевски.

СДСМ и ДУИ си ја гледаат само својата корист, со измените на кривичниот законик сакаат само да се спасат од кривичните дела за кои би требало да одговараат по паѓањето од власт, смета Пекевски.

-Веќе седум години политичарите на СДСМ и ДУИ го гледаат само својот интерес. Да не споменувам дека немаше казнивост за случајот со Онкологија, модуларната болница во Тетово, коруптивниот договор со Бехтел и Енка. Сето тоа што го прават, го прават за заштита на своите интереси и бенефит, вели Пекевски.

Со Пекевски разговараше Матеја Петровски

Advertisements