Паѓа вредноста на еврото и фунтата

Денеска на берзите падна вредноста на еврото поради италијанскиот буџет , а Брегзитот ја бутна фунтата.

Вредноста на еврото падна на светските берзи по веста за кавгата во италијанската влада , која ќе треба да го претстави својот прв буџет. Вредноста на еврото во просек падна за 0,5 проценти и падна на 1,1685 долари , што е негово најниско ниво по 20 септември.

Со тоа , вредноста на доларот зајакна за 0,4 проценти. Италијанските медиуми јавуваат за драматичните настани поврзани со државниот буџет и најавата за оставка на министерот за економија , Џовани Трио , која била подоцна демантирана. Најверојатно ќе биде и одложен состанокот на владата на тема буџет , закажан за попладнево.

Паѓа и вредноста на британската фунта бна берзите , штос е должи на непостигнувањето на договор за Брегзит меѓу Британија и ЕУ. Фунтата падна за 0,3 проценти во однос на доларот на 1,3109 долари , додека односот на фунатат према еврото е речиси непроменет.