Пациенти од Скопје се препраќаат во Куманово – во тамошната болница има болни од МРСА

Пациенти од Скопје се праќаат на операции во кумановските болници. Ваквата информација ја потврди и министерот Венко Филипче. Причината, вели, била реконструкција на операционите сали во специјалната болница по Хируршки Болести „Св. Наум Охридски – Скопје“.

Во меѓувреме во кумановската болница има нов случај на МРСА, потврдуваат за Алфа од Државниот санитарен и здравтсвен инспекторат.

Сепак, од Државниот санитарен и здравтсвен инспекторат смируваат дека простор за паника нема, бидејќи се преземени сите неоходни мерки.

Во меѓувреме, од кумановската болница на домашно лекување е пуштена и пациентката каде е пронајдена оваа бактерија.

Епидемиолозите велат дека МРСАТА е опасна само во случаи кога заболениот има и други болести, па бактеријата може да доведе до сериозни компликации. Таа е болничка бактерија која се јавува како последица на несоодветно користење на антибиотици. Претходно, имаше неколку случаи на МРСА во неколку градинки и училишта низ земјава.

Борис Грујоски