Пастрмајлијата е скапа, повелете на вкусни полнети пиперки – пензионерите од Штип ја поканија Тренчевска на ручек

Пастрмајлијата е скапа, повелете на вкусни полнети пиперки – пензионерите од Штип ја поканија Тренчевска на ручек

На празничен ручек штипските пензионери денеска ги поканија министерката Тренчевска и преседателката на Сојузот на пензионери. Им се извинија дека не се пастрамаилии, туку посни полнети пиперки, бидејќи со покачувањето што го добиле можат да си го дозволат само тоа.

     “Знам дека не јадат посно , ама ние ги направивме и без зејтин да не трошиме. Малку се посни..нека повелат на нашата софра ..за жал не можеме да им дадеме пастрамаилии“ порача пензионерка од Штип која на денешниот протест донесе посни полнети пиперки.

  “Како со која свест? Со која душа? Дали вие имате жал? Зарем не се плашите од севишниот Бог?Погледнете ги овие напатени пензионери, со нарушено здравје да се влечкаме, да мора да доаѓаме и протестираме за нашите пари

Револтот на пензионерите  е уште поголем откако вчера министерката Тренчевска проба со својата “весела математика“  да ги убедува дека нивниот гнев е поддржан од некоја “кујна“.

   “На 2октомври добивме пензија со покачување од 5,3% и се дрзнавте на јавноста да и кажете дека 12.500денари по 5,3% е 800денари. Госпоѓо министерке тоа не се 800денари, туку 662 денари“

  Со покачувањето од само 5,3% не може да се купи ништо, а камо ли да се преживее инфлацијата, порачаа пензионерите кои денеска масовно излегоа на градскиот плоштад, бварајќи повисоки пензии за подостоинствен живот. .

  “Пензијата ми е 13.000денари и со покачувањето зголемена е за 500 до 600денари. Со тие пари можам да купам само леб и млеко, ништо друго

  “И ние сакаме да јадеме. Мислев да донесам надробен леб во вода и кисело млеко, да виде минисатерката Тренчевска што јадеме и за доруичек и вечера, а они само по кафетерии

  “минимналната пензија од 18.000денари се однесувса и на генерациите кои доаѓаат после нас, затоа треба сите масовно да излезема“

Пензионерите кои денеска побараа оставка од министерката Тренчќевскане отстапуваат од своите барања, минимална пензија од 18.000денари и 5000денари линеарно покачување за сите.  

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста