Партиите силно влезени во кампања- сите се подготвуваат за предвремени парламентарни избори во 2023-та

Партиите влезени во силна кампања, се подготвуваат за предвремени парламентарни избори, сметаат познавачите. Секојдневните активности на сите политичари, јадењето сендвичи и тостови од страна на премиерот не се ниту малку случајни и јасно покажуваат дека 2023-та ќе ни донесе избори.

Рејтингот на власта во моментов е во слободен пад според познавачите не е чудно што премиерот Димитар Ковачевски е секојдневно растрчан меѓу партиското членство, колку толку да се спаси нешто од својот рејтинг. Новинарот Џенур Исени е на ставот дека и повеќе од јасно се гледа дека наредната година ќе имаме парламентарни избори.

-Ова е кампања пред кампања и уште од сега почнаа со средби со граѓаните. Ова е апсолутно подготвување за предвремени парламентарни избори, што најверојатно мислам ќе се случат идната година, изјави Исени.

Дека изборите во овој момент се единствен излез покажуваат и многу други сегменти, покрај рејтингот на партиите. Власта во моментов никако не успева да обезбеди 80 пратеници за изгласување на уставните измени. ДУИ како ретко кога се подели на две фракции. Четири пратеници најавија дека ќе делуваат посебно од интегравците ако Алијанса за Албанците влезе во Владата. Според Исени реална влезот на Таравари претставува реална можност, бидејќи Ковачевски и Ахмети можеби би ги изгубиле тие четири народни избраници, но би добиле осум.

-Ако правиме споредба околу пратениците, четири има огнената група, а од друга страна ќе влезат осум од Алијансата на Албанците. Но, на крај мислам дека и покрај револтот кој го изразуваат јавно, огнената група ќе гласа како што ќе им каже лидерот, односно Ахмети, изјави Исени.

Ситуацијата во ДУИ не е изненадувачка ниту за универзитетскиот професор Жидас Дасковлски. Вели во таа партија веќе идеологијата и не постои, целта на сите е само доаѓање до позиции и моќ, поради што фракционерството е очекувано.

-Ова што се случува во ДУИ е еден природен процес, таа партија веќе идеолошки се изгуби. Нивната стартна позиција беше марксисти или ленинисти, кои што стануваат националисти, па во наводници победуваат во 2001-ва година па добиваат власт, па сега се зелени. А што се самите си знаат, изјави Даскаловски.

Лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски порача дека единствен излез од кризата во која се наоѓа државава се предвремените парламентарни избори, кои ќе бидат организирани од техничка Влада во која ќе учествуваат сите парламентарни партии.

Матеја Петровски

Advertisements

Поврзани вести