Парондо по „мачкањето“ на Загреб: Горд сум на ракометарите

Тренерот на македонскиот шампион Вардар, Роберто Парондо по синоќешниот убедлив триумф од девет голови разлика (18-27) во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите против ППД Загреб, изрази благодарност до играчите и посочи дека е горд на неговите ракометари, кои одиграле перфектно.

„Нема што да кажам освен благодарам на играчите. Горд сум на нив. Одиграа одличен меч и го завршивме поголемиот дел од задачата. Знаевме што ќе не очекува во Загреб па добро се подготвивме, работевме максимално на тренинзите. Се што договоривме, момците го одиграа перфектно и затоа на крајот стигнавме до овој резултат“, изјави тренерот на Вардар по мечот.

По победата на гостински терен, „црвено-црните“ веќе се со една нога во четвртфиналето на ЛШ, а реваншот во Скопје за седум дена се чини само протоколарен.

МИА