„Паризиен“: Британците се снабдуваат со храна поради можно излегување на државата од ЕУ без договор

Откако британскиот Парламент отфрли договор за брегзит на премиерката Тереза Меј со Брисел, можноста Велика Британија да ја напушти Европската унија без договор изгледа се поверојатна. Тоа ги натера многу Британци да почнат да се снабдуваат со храна, објави францускиот весник Паризиен.

Граѓаните што го избрале тоа, најчесто се во групи на Фејсбук, но и многу фирми го презеле истиот чекор – вклучително и супермаркети како Теско и Ем-Енд-Ес и британскиот клон на Нестле.

Се очекува денеска во говор во британскиот Парламент, Меј да го објави резервниот план по отфрлањето на договорот за брегзит. Целта и е да се премислат пратеници на нејзината Конзервативна партија и од Демократската унионистичка партија кои не дадоа поддршка за предлогот, нагласуваат извори од Владата