Папата Франциск со „папамобилот“ пристигна на плоштадот „Македонија“

Папата Франциск претпладнево пристигна на плоштадот „Македонија“ во Скопје каде што беше пречекан од мноштвото собрајни граѓани.

Папата на плоштадот дојде со т.н. „папамобил“ поздравувајќи се со граѓани и верници.

Тој на скопскиот плоштад ќе одржи миса на која ќе присуствуваат околу 15.000 граѓани.

Поглаварот на Римокатоличката црква претходно имаше средби со државниот врв во „Вила Водно“, а потоа во Спомен куќата на Мајка Тереза се сретна и со лидерите на верските заедници и група граѓани од ранливите категории.

По литургијата папата ќе одржи Екуменска и меѓурелигиска средба со младите во Католичката црква, а потоа и со свештениците и нивните семејства.