Папата Франциск на 7 мај доаѓа во Македонија со порака за заедништво и помагање на послабите

Со порака за заедништво и помагање на послабите, идеја која ја промовираше и Мајка Тереза, папата Франциск на 7 мај доаѓа во Македонија.

Неговата посета во Македонија ќе трае околу 10 часа, а централниот настан ќе биде литургијата која ќе се одржи на плоштадот во Скопје, пред Камениот мост.  На литургијата се очекува да присуствуваат над 15.000 граѓани од државата но и од странство.

Секој оној кој што сака да присуствува на литургијата ќе мора да обезбеди бесплатен билет кои веќе од следната недела ќе можат да се обезбедат од центрите на Католичка црква,

Папата Франциск ќе го посети и меморијалниот центар Мајка Тереза каде што ќе оствари средби со верските лидери а ќе ја посети и Католичката црква Пресвето Исусово срце.

Централен фокус на неговата посета ќе бидат младите и сиромашните, а се очекува да испрати пораки за мир, заедништво,

Неговата посета, покрај македонските медиуми ќе биде проследена и од странските. За посетата на папата се акредитирани над 220 странски новинарски екипи.