Папата Франциско: Хитлер ни покажа до каде води популизмот

Папата Франциско повика за толерантност кон бегалците и предупреди да се внимава со ризиците од популизмот, споменувајќи го нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.

– Младите треба да научат за историјата на светските војни во 20. век „за да не ја дозволат истата грешка и да знаат како се шири популизмот“. Од 1932-1933 година Хитлер вети развој на Германија. Младите треба да знаат како почнуваат тие проблеми. Не можеме да живееме ширејќи омраза, предупреди папата Франциско во врска со излегувањето на нова книга за мудроста на старите луѓе.

На настанот во Ватикан, возрасна жена, која предава италијански јазик на мигранти, спомена колку е шокирана од се поострите реакции кон мигрантите.

Папата рече дека Библијата не учи да бидеме љубезни кон мигрантите, но дека властите имаат право да постават крајна граница во однос на приемот на мигранти.

– Една влада треба да е со отворено, гостопримливо срце, да има добри можности за интегрирање на мигрантите, како и да каже „можам да прифатам толку луѓе, повеќе од тоа не можам“. Затоа е важно цела Европа да постигне договор за ова прашање, потенцира папата Франциско.