Папата Франциско во божиќна посета на претходникот Бенедикт

Папата Франциско, по повод Божик, го посети својот претходник – Бенедикт 16 во неговата резиденција, соопшти Ватикан.

Двајцата разговарале во манастирот „Матер Еклезија“ во Ватиканските градини. Германецот Бенедикт (91) живее во манастирот по неговото повлекување од Светиот престол во февруари 2013 година.

Папата Франциско и претходните години го посетуваше Бенедикт за Божиќ.