Папата расчини двајца бискупи поради сексуално злоставување малолетници

Папата Франциско расчини двајца чилеански бискупи кои биле инволвирани во скандал со сексуална злоупотреба, соопшти денеска Ватикан.

Расчинети се надбискупите Франциско Хозе Кокс Хунеус од Ла Серена и Марко Антонио Орденес Фернандез од Икике.

Двајцата се расчинети бидејќи се тврди дека сексуално искористувале  малолетни лица. За случајот имало многу докази, поради што канонското судење било непотребно.