Папата: Оние кои градат ѕидови ќе бидат затвореници на тие ѕидови

Политичките лидери кои сакаат да изградат ѕидови и други бариери за да ги одвратат мигрантите, ќе завршат како затвореници на ѕидовите што ги изградиле”, порача папата Франциск.

Папата ова го изјави за новинарите во авионот во кој се враќаше од посетата на Мароко, одговарајќи на прашањето за миграцијата и заканата на претседателот на САД, Доналд Трамп да се затвори јужната граница со Мексико.

“Оние што градат ѕидови, без разлика дали се цигли или бодликава жица, ќе завршат како затвореници на ѕидовите што ги изградиле”, изјави Папата.

Тој рече дека го разбира, што се однесува до проблемот со миграцијата, и дека владата има “жежок компир” во своите раце, но тој верува дека тоа мора да се реши на поинаков начин, хумано, а не со бодликава жица, според Reuters.

“Ние нема да можеме напредуваме со страв, со ѕидовите ќе останеме затворени внатре во нив”- истакна Папата.

Тој оцени дека богатите земји треба да помогнат во елиминирање на проблемот со миграцијата, како што се сиромаштијата, војната и политичката нестабилност.

„Мигрантите треба да бидат прифатени, заштитени и интегрирани, и ако некоја земја не може да се справи со нивниот број, мигрантите треба да ги прифатат во други земји“, додаде папата.